Голем успех на извидниците од одредот „Мирко Милески“

Кичевските извидници од извидничкиот одред „Мирко Милески“ постигнаа голем успех на натпреварот во Скопје, во село Катлановска Брезица на 40-от Меморијал „Марко Граорковски“.

Одредот со своите 3 екипи на помлади извидници, гиосвоија првото, второто и третото место, како и три пехари во конкуренција од 300 луѓе со 24 екипи од цела Македонија и гости од Црна Гора. Успехот беше постигнат благодарение на водачите Христина Крстеска, Благојче Секулоски, Теодора Крстеска, Јована Мишкоска, Еми Манасиева и старешината на одредот Чедо Арсоски.